
Според истражување на Федералниот завод за статистика на Швајцарија, девет отсто од домаќинствата едвај составуваат крај со крај.
Унијата на швајцарски синдикати тврди дека во изминатите 20 години од економскиот просперитет најмногу профитирале бизнисмени, акционери и работодавачи додека голем број вработени останале со празни раце, објави швајцарскиот весник „24 Часа“.
За разлика од многу други држави, во Швајцарија не постои проблем со ниски плати, туку проблем со даночни обврски, прикриена невработеност и големо оптоварување на работното место, истакнува Унијата. Тие наведуваат дека платите на раководителите од 80-тите години до денес многу се зголемиле и оти во истиот период бројот на милионери во Швајцарија е зголемен од 200 на повеќе од 2.500
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


