| четврток, 6 декември 2018 |

Проектот за превод на стручни книги ќе се дополни со 200 наслови

knigi4

Нови 11 наслови од проектот за превод на 1000 стручни книги кои се користат на 10 прворангирани универзитети во светот се преведени и дистрибуирани во библиотеките, а денеска беа претставени на 54-тата промоција од почетокот на проектот (јануари 2009 година).

Со новите наслови, кои се од различни области (математика, туризам, економија, ликовна уметност, биотехнички науки…) вкупниот број преведени книги достигна 897, а проектот ќе биде целосно завршен на почетокот на 2015 година.

Премиерот Никола Груевски на промоцијата соопшти дека проектот ќе се прошири со уште двесте  учебници.

–  Во новата владина програма во иднина нема да бидат 1000, туку 1200 книги затоа што планираме во овој мандат дополнителни книги и учебници од овој тип – рече Груевски.

knigi1

Тој посочи дека книгите што се преведени и отпечатени во изминатиот период сѐ  повеќе се користени од студентите и дека во читалницата „1000 книги“ во ГТЦ се бара место повеќе.

– Тие се свесни дека од овие книги ќе добијат многу поквалитетно и најсовремено знаење во одредени области. И професорите, кои на почетокот инсистираа да се учи само од нивни скрипти или книги, сѐ повеќе се определуваат да ги понудат овие книги – рече Груевски на промоцијата на која присуствуваа министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и неговиот заменик Спиро Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top