| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Имавме комуникација со СДСМ, но без успех

unnamed

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска потврди дека во изминатиот период имало одредена комуникација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но оти средбите не вродиле со успех. 

– Во целото ова меѓувреме имаше одредени комуникации на различни нивоа меѓу двете партии, но, за жал, без успех. Ние сме секогаш отворени за средба, изјави премиерoт Груевски. 

Тој ова го соопшти одговарајќи на новинарско прашање во врска со политичкиот дијалог и враќањето на опозицијата во Парламентот по промоцијата на книгите од проектот „Превод на илјада стручни книги“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top