Филмот „Мал Дисконтинуитет во Времепросторот” на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата „Коскар“ за најдобар регионален филм на 9. издание на Српскиот Фестивал за Фантастични Филмови во Белград, Србија.
Според изјавата на жирито, наградата била доделена едногласно, а беше врачена од специјалниот гостин на фестивалот, легендарниот холивудски продуцент и режисер Мик Герис, кој е познат како режисер на култните хорор филмови „Месечари” по сценарио на Стивен Кинг, „Мува 2″, „Критерс 2″ и како продуцент на серијата „Мајстори на хоророт”.
Инаку филмот досега беше прикажан на 18 фестивали низ целиот свет, и двапати беше во трка за најдобар краток фантастичен европски филм. Главните улоги ги толкуваат Висар Вишка и Драгана Левенска, а филмот е независна копродукција меѓу шест филмски компании од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура