| четврток, 6 декември 2018 |

Дождови го поплавија Тенерифе

klimat_tenerife_1Еден човек загина, а неколкумина други настрадаа како резултат на пороен дожд на шпанскиот остров Тенерифе. Поројниот дожд е поврзан со ураган кој поминал над островот,  кој се наоѓа во Атлантски Океан. Улици, патишта и тунели потонале во калливи води. 56-годишна жена која паднала  под автомобил, починала од срцев удар. Молња погодила  јахта на кејот во главниот град Санта Крус де Тенерифе, а во предизвикан пожар се повредени две лица.

129950_1Според шпанските медиуми, за половина ден над островот се излеале 136.4 литри на  квадратен метар. Прекинати се далноводите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top