„Опашката“ на ураганот Гонзало ја погоди Велика Британија, превртувајќи автомобили. Откажани се 10 проценти од летовите на лондонскиот аеродром „Хитроу“. Железничкиот и патниот сообраќај се нарушени поради наметнатите ограничувања на брзината, пренесуваат светските агенции. Локалната метеоролошка служба ги забележи налетите на ветерот со брзина од 112 км/ч. Прогласена е жолта фаза речиси во целата земја, жителите се предупредени за силни ветрови. „Хитроу“ објави дека се укинуваат повеќе од 100 летови бидејќи лошото време наметнува поголем интервал меѓу слетување и полетување. Гонзало помина вчера покрај Њуфаундленд во Канада и ќе продолжи да се движи брзо кон исток. Ураганот ќе донесе пороен дожд и моќни ветрови во западна Европа, како и обилни снежни врнежи во европските планини. Но, и на југ е можно да натрупа снег до 15 сантиметри, од Лихтенштајн и Австрија на југоисток до Босна, Србија и Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.