На интернет кружи оглас што стана хит. Струмичанец се продава себеси за брак на „Пазар3“.
Триесет и шестгодишниот Иле се нуди себеси за стапување во брак. Во огласот стои дека е многу фин и добар, не избира ни боја на коса, само да е убава и паметна. Прима повици во кое било време. И не мора да е многу писмена… Иле вели дека има зелени очи , висок е 158 сантиментри, има 70 килограми, работи во приватна фирма и е заинтересиран за склопување брак и за сериозна врска. Тој ветува дека на неговата избраничка ќе ѝ овозможи живот како на кралица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.