| четврток, 6 декември 2018 |

„Смртта на Грција“ навреда за Грците

Дел од грчките медиуми информираат дека васичичарската маска „смрт на Грција“ е навредлива за нашиот јужен сосед

32a79981702da54dac66acfa14244d6e-550x310Некои грчки медиуми и годинава се занимаваат со карневалот во Вевчани на кој вевчанци со нова маска и направија помен на ланската „смрт на Грција“, една од најинтересните маски на минатогодишниот карневал.

Весникот „То Вима“ пишува дека и годинава на карневалот имало „навредлив“ настап за Грција. Потсетувајќи дека на минатогодишниот карневал една од главните сцени бил погребот на Грција, весникот информира дека како продолжување на агендата од минатата година, годинава карневалот одбележал една година од смртта на Грција.

Извори од грчкото МНР, на кои се повикува „То Вима“, коментирајќи го  „инцидентот“, рекле дека „ваквите случувања се резултат на националистичката реторика на владата на ПЈРМ која го труе јавното мислење во земјата и оти во крајна линија организаторите на овој карневал, самите се карневал“.

Веднаш по овој коментар, весникот пишува дека карневалот го финансира македонското Министерство за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top