Популарниот турски актер Халит Ергенч, кој го глумеше главниот лик во серијата „Сулејман Величествениот“, по завршувањето на снимањето, нема никаков ангажман и единствената работа сега му е да го чува синот Али.
Кога турските новинари го прашале Сулејман, односно Ергенч во кои проекти ќе го гледаме, тој разочарано одговорил: „Оваа сезона во ниеден бидејќи не сум добил никаква понуда“.
Се зборува дека продуцентите избегнуваат да го ангажираат Халит Ергенч бидејќи се плашат дека гледачите секогаш ќе го поистоветуваат со Сулејман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.