| четврток, 6 декември 2018 |

Халит Ергенч бил пратечки вокал на поп кралицата Ајда Пекан и танцувал во трико

Халит Ергенч, познат по улогата на Сулејман Величенствениот,  пред да се прослави како актер, во трико танцувал и на настапите ја прател поп кралицата Ајда Пекан, објави „Курир“.

-Од ништо не се срамев. Целта ми беше да се пробијам на турската сцена па почнав да танцувам. Се забавував, а и заработката беше одлична, изјавил Халит.

Турската ѕвезда од серијата “Величенствениот“ денес се смее на фотографиите на кои бујната коса му се вее пред вентилаторите, а светкавите костуми, никогаш повеќе не би ги облекол. Турскиот актер кон крајот на 80 – те и почетокот на 90 – те танцувал за поп ѕвездата Ајда Пекан, но бил и пратечки вокал. Токму тоа искуство му бил поттик да собере храброст, да замине во Њујорк и да стане ѕвезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top