| четврток, 6 декември 2018 |

Ноам Чомски: Американските војни се најголемите терористички напади

Познатиот политички аналитичар Ноам Чомски, кој учествувал на видеоконференција во Сијудад, Мексико, одговарајќи на прашања пред публика од неколку стотици луѓе, истакнал дека американските напади со беспилотни летала и војните што ги води Вашингтон се најголемите терористички напади во човечката историја.

noam comski

Чомски ги пофалил Венецуела и Боливија како латинскоамерикански држави, кои докажале дека е можно да се побегне од 500 години долга колонизација, како и од доминација на САД.

Америкаснкиот филозоф и лингвист на видеоконференцијата говорел и за можната нуклеарна војна и за еколошките катастрофи како најголеми закани врз човештвото.

– Во овој момент имаме два клучни проблеми: првиот е сѐ уште присутната опасност од нуклеарна војна. Вториот, кој исто така му се заканува на опстанокот на нашиот вид, се еколошките катастрофи што ги предизвикуваат луѓето без намера да запрат. Тоа се темелните проблеми – посочил Чомски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top