
Швајцарскиот фотограф Рене Бури, најпознат по црно-белите портрети на револуционерот Ернесто Че Гевара и сликарот Пабло Пикасо, починал во Цирих, Швајцарија, во 81. година од животот, пренесува агенциајта „АП“.
Мартинн Пар, претседател на агенцијата „Магнум фото“, кој бил негов повеќегодишен соработник, изјавил дека Бури бил еден од најголемите повоени фотографи и еден од најдобрите луѓе кои ги познавал, човек што имал способност да раскажува приказни и да ги забавува луѓето.
Бури бил роден во 1933 година и уште како тинејџер со апаратот на татко му ја забележал посетата на британскиот премиер Винстон Черчил на Швајцарија.
Популарниот „Лајф магазин“ објави фотодокументарец на Бури кога тој имал само 23 години. Тој го фотографирал Пикасо во 1957 година, кога сликарот го поканил на вечера.
Патувал по целиот свет – Блиски Исток, Азија, Латинска Америка и во Куба. Во 1963 година ја снимил популарната фотографија на Че Гевара со пура во устата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


