Тимот на Галатасарај е казнет со 50 илјади евра поради однесувањето на неговите навивачи на мечот од Лигата на шампиони против Арсенал, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).
Турскиот клуб, исто така, има рок од 30 дена да ја компензира штетата кон Арсенал бидејќи навивачите направија огномет и предизвика немири на стадионот „Емирати“ на 1 октомври.
Швајцарскиот шампион Базел е казнет со 40 илјади евра бидејќи неговите навивачи на теренот фрлаа разни предмети на натпреварот против Ливерпул во рамки на Лигата на шампиони, додека, пак, холандскиот тим Феенорд ќе биде олеснет за 15 илјади евра поради блокирање на скалите на трибините на мечот против Стандард во Лига на Европа, додека, пак, белгискиот тим е казнет со 17 илјади поради факлите што ги запалиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


