Екипата на Хетафе во судиското надополнување дојде до трите бода на гостувањето на „Аноета“ кај Реал Сосиедад со 2:1 во рамките од 8. коло во Примера дивизион.
Двата гола фудбалерите на Хетафе ги постигнаа во последната минута и судиското надополнување.
Ова само ја продлабочи кризата на Реал Сосиедад, кој по триумфот над Реал Мадрид, на следните шест натпревари освои само два бода.
Реал Сосиедад поведе во 82. минута преку Пабло Хервиас, но Хетафе преку Карим Абдул Јода изедначи во последната минута. Во судиското надополнување (90+4 минута) Јода го постигна и вториот гол за победа на својот тим.
Со трите бода Хетфае се проби на 10. место со 10 бода, додека Реал Сосиедад е 16. со 5 бода. Лидер на табелата е Барселона со 22 бода, пред Севилја со 19 и Реал Мадрид со 18.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.