Комби и автомобил „шкода“ се судрија утрово на раскрсницата кај Железничаката станица во скопската населба Аеродром, а целиот сообраќај од Аеродром до Центар е закочен. Засега нема информации за повредени.
Судирот е мал, но, сепак, направи хаос во сообраќајот сѐ до Народна банка.
Настанот се случил кога комбито вртело лево кон Транспортен центар, а „шкодата“ одела право од Железничка кон НБРМ и удрила во задниот дел од комбито.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.