Припадници на исламистичката група Исламска држава (ИД) минатата ноќ почнаа нова офанзива врз Кобане и извршија два самоубиствени напади со автомобил-бомби во северниот дел на овој сириски град.
– Веднаш по двата самоубиствени напади, џихадистите почнаа офанзива на сите фронтови во градот, кој и натаму е под контрола на Курдите – соопшти директорот на Сирискиот центар за надзор на човековите права, Рами Абдел Рахман.
Тој нагласи дека, според податоците на неговата организација, жестоките борби во Кобане почнале околу 22 часот по средноевропско време, додавајќи дека засега нема информации за бројот на жртвите.
Во исто време, ирачки воен претставник информира дека припадници на ИД извршиле напад и врз градот Кара Тапах во северен Ирак, кој е под контрола на силите на ирачките Курди.
Нападот врз градот, што се наоѓа на околу 50 километри од ирачката граница со Иран, џихадистите го почнале на два фронта.
Според истиот извор, при судирите загинале најмалку 10 лица – седуммина курдски борци и тројца цивили, а илјадници жители на Кара Тапах го напуштиле градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Сирија: Варварскиот напад нема да нѐ поколеба
-
Кучињата повторно напаѓаат: Тројца каснати од куче во Скопје, меѓу нив и жена што била со малолетно дете