| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен „балканскиот Ескобар“ на кого Северина му пееше на свадба

reg-safet-kalicЦрногорецот Сафет Калиќ, познат како балканскиот Ескобар е уапсен во понеделникот во Австрија, пренесува австриската новинска агенција АПА. Калиќ, кој се смета за црногорски крал на хероинот, е во бегство од 2011 година, а во неговата татковина се води постапка против него за перење пари во износ од 7,7 милиони евра. Испраните пари потекнуваат од продажба на дрога во Германија во периодот од 2005 до 2011 година, тврдат црногорските медиуми. Заедно со него се обвинети неговиот брат и сопругата, а пресудата се очекува да биде изречена на 3 декември. Австриските медуми не објавија други детали за апсењето.

Калиќ ѝ е познат на балканската јавност и по неговата контроверзна свадба во 2001 година, на која му пееше популарната хрватска ѕвезда Северина. Како што своевремено пишуваа медиумите, за само две отпеани песни, Калиќ платил 50.000 германски марки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top