
На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на лизгар, на влез во Кратово, има забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина поголема од 7,5 тони.
На патниот правец Р2433 Радовиш – Конче, на 11. километар има лизгар, поради што сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


