Хрватските медиуми денеска го следат распитот на градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ и објавуваат детали околу истрагата и вмешаноста на партнерите во зделката поради која се приведени. Еве што велат деталите околу случајот Бандиќ: По решението на министерот на животна средина Михаел Змајловиќ, Градот Загреб, се тврди во одлуката од 2013 година, во мошне кус рок морал да пронајде фирма што одговара на новите стандарди за чистење на отпадот. Тоа бил „Цезар“, подружница на ЦИОС во сопственост на сега уапсениот Петар Припуз, која исплатливата милионска зделка со загрепскиот холдинг го склопила со директна спогодба.
Токму фактот што не е распишан тендер за јавни набавки во кој ќе се побараат понуди од повеќе понудувачи, туку директната преговарачка постапка за јавната набавка, без претходно објавување, е една од насоките на истрагата во акцијата „Ускок“, која се води против челните луѓе на Загреб: Милан Бандиќ, Слободан Љубичиќ и Петар Припуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.