Монако е втората најмала земја во светот и најнаселена – 32.410 луѓе живеат на 1,95 квадратен километар. Монако е една од најбогатите држави. Таа може да се пофали со висок животен стандард, скапи имоти и со луксуз. Проверете неколку факти за Монако што, можеби, не сте ги знаеле.
Жителите немаат право да вложуваат во казината. Монако е даночен рај. Жителите не плаќаат даноци од 1870 година наваму и затоа многу богати луѓе го избираат Монако за своја постојана адреса. Во моментов извор на приходи број 1 за економијата не е обложувањето, како што мислите, туку туризмот. Приходите од казината се само 5 проценти. Интересен факт е дека на жителите не им е дозволено да вложуваат и дури да посетуваат казина, тие се само за туристи. На влезот се проверуваат личните карти.
Без авиони – Богатите луѓе можат да патуваат до Монако со луксузни автомобили, хеликоптери или јахти, но не и со авион – во Монако нема аеродром. Најблискиот аеродром е во Ница, Франција. Тоа не е проблем – тоа е само 30 минути возење од Монако. Во Монако има околу 32.000 жители, но повеќето не се жители на Монако. Од нив, сепак, само 6.000, или 19 проценти, се вистински жители на Монако. Останатите се странци, дојдени од Франција, Италија и уште 125 други националности.
Целогодишна забава – Можете да го посетите Монако во текот на целата година и секогаш ќе има интересен настан. Во март се одржува Балот на принцезата на Хановер, во јули има концерти на филхармонија, во април се одржува мастерс-турнир во тенис, во мај се одржува Формула 1, во ноември има маратон, итн.
Три филма со Џемс Бонд се снимени во Монако
Казиното „Монте Карло“ е снимено во три филма за Џемс Бонд – „Казино Ројал“, „Златно око“ и „Никогаш не кажувај никогаш“. Казиното е симбол на класа и луксуз. За да влезете внатре, треба да имате најмалку 18 години и, како што рековме, да не сте државјанин на Монако.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.