Денеска во Основниот суд Куманово треба да се одржи првото рочиште од судењето на градоначалникот на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ. На првото судско рочиште кое беше закажано на 27 ноември минатата година, градоначалникот не се појави. Според судот, поканата за рочиштето е вратена, бидејќи градоначалникот не живеел на адресата што му стои во личната карта.
Тој е обвинет дека на 21 април лани со автомобила го удрил Стефан Лазаревиќ (31), бурекџија и сопруга и татко на две малолетни деца од Куманово и го оставен да лежи покрај патот. Лазаревиќ подоцна им подлегна на повредите во Ургетниот центар во Скопје, а Јовановиќ се брани од слобода. Лекарите скоро две недели се обидуваа да му о спасат животот на Лазаревиќ.
Случајот предизвика револт во јавноста, не само поради тоа што Лазаревиќ бил удрен туку и затоа што возачот на „шкодата октавија“ не застанал да му помогне. Откако подоцна полицијата откри дека „октавијата“ е сопственост на општина Старо Нагоричане и со неа управувал нејзиниот градоначалник Миодраг Јовановиќ, јавноста уште повеќе се разбранува кога кумановското обвинителство прво предложи, а потоа се предомисли и го укина барањето за одредување мерка притвор. За тогашните две кривични дела „загрозување на безбедноста на луѓето и на имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, законот предидува осум дена притвор.
Но, од обвинителството во Куманово сметаат дека нема опасност Јовановиќ да избега, влијае на сведоци или да прикрие докази, причини наведени во Законот за кривична постапка, а поради кои се определува мерка притвор.
Веднаш по сообраќјаната несреќа, Јовановиќ беше повикан пред истражен судија, каде ги негирал сите обвиненија. Јовановиќ рекол дека со службениот автомобил „шкода октавија“ пристигнал дома во 2.15 часот и не забележал дека удрил во нешто. Но, утредента, забележал дека едната гума на автомобилот била во дефект и го однел возилото на сервис. Тврдел и дека не ги видел длабнатините на хаубата, а не го забележал ни скршениот фар. Градоначалникот тврдел и дека не пиел алкохол. Неговата одбрана не била доволна, истражниот судија да ја прекине постапката против него.
Соседите на Лазаревиќ кој со сопругата и двете малолетни деца е потстанар во зградата пред која се случила несреќата за медиумите, кога се случи сообраќајката, сведочеа дека на местото имало локва крв. Лазаревиќ со скршеница на главата и градниот кош скоро два часа лежел на асфалтот кога го пронашол случаен минувач, кој повикал помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.