Светскиот фестивал на архитектурата оваа година ги додели наградите за зградите кои покажале неверојатна иновативност и креативност во дизајнот. Наградите се доделени за проекти чија градба уште не е почната, но и за згради кои се изградени оваа година. Овие награди се доделуваат по седми пат. Наградени беа библиотеката во Кина, поморскиот музеј во Данска, хипер модерната црква во Шпанија…
На конкурсот биле пријавени 400 згради од 50 држави, а потоа листата се намалила на десетина дизајни во 27 различни категории. При изборот, биле земени предвид повеќе фактори – дизајнот, иновативноста, заштедата на енергија, комплетниот изглед, деталите.
Наградите ги освоија архитекти чии згради се во Виетнам, Австралија и Велика Британија, како и во Бразил и во Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија