| четврток, 6 декември 2018 |

5 совети – високите потпетици и вашите стапала

Британска стилистка дава пет совети како да не ви настрадаат нозете  од високи потпетици.  

1c

1. Изберете чевли со точна големина.

2c

Најважните елементи кога купувате високи потпетици се големината и удобноста. Ако имате рамно стапало, изберете потпетици со поширок ѓон. Големината, исто така, е важна. Без разлика колку се прекрасни чевлите, купувањето пар кој е еден број поголем или помал, е многу погрешно. Прашање на време е кога ќе престанете да се чувствувате удобно.

2. Точна висина за дадена ситуација.

5e72b9d7-610e-4255-ac5d-89bbee9dfc92

Сите имаме потпетици за специјални пригоди и тие многу често се многу високи. Изберете висина на чевлите земајќи го предвид распоредот за денот. 15-инчни потпетици не се најдобар избор ако планирате да купувате или имате деловни состаноци во текот на целиот ден. Но, за љубовна средба на која се претпоставува дека ќе седите поголемиот дел од времето, се идеални.

3. Платформите се ваш пријател

5c

Платформите обезбедуваат удобност и висина. Што друго сакате? Иако мажите вообичаено не го сакаат изгледот на платформите, тие ги прават нозете како на Наоми Кемпбел.

4. СПА за стопалата

6c

Стапалата работат во текот на целиот ден. Како за секој мускул, треба да се грижиме и за нив. Хидратирајте ги стапалата редовно за да се меки и убави. Пред спиење влажнете ги  повторно и масирајте ги пет минути. Исто така, барем еднаш во неделата одделете време за 15-минутна релаксирачка бања за нозе со морска сол.

5. Магијата на фенот

7c

Може да звучи лудо, но тоа е нашиот таен совет. Ако штотуку сте купиле пар кожени чевли на високи потпетици и сѐ уште не сте ги носеле, тие ќе бидат многу цврсти и стегнати. Облечете ги чевли и потоа загрејте ги со фен. Одржувајте минимално растојание од 25 см меѓу фенот и ногата за да не ги деформирате чевлите. По една минута кожата ќе биде мека и ќе се чувствувате поудобно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top