ВМРО-ДПМНЕ го поздравува враќањето на пратениците од ДПА во Собранието и ги повикува СДСМ и другите опозициски партии да се вклучат во неговата работа.
– Го поздравуваме враќањето на ДПА во Собранието. Собранието е институцијата во која треба да се води политичкиот дијалог. Се надеваме дека и СДСМ и другите опозициски пратеници ќе се вклучат во работата на законодавниот дом – изјави Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.