| четврток, 6 декември 2018 |

Американска поддршка за законските измени за казнивост за борците во странски земји

На денешната средба меѓу министерот за правда Аднан Јашари и американскиот амбасадор задолжен за прашања поврзани со сириски странски борци, Роберт Брадке, во присуство на амбасадорот на Америка, Пол Волерс, министерот Јашари го извести Брадке за законските измени во Кривичниот закон кои ги предлага Владата, а се предвидени затворски казни за секој кој на каков било начин учествува во странски борби.

jasari

– Го известив амбасадорот дека се работи за создавање превентивни мерки во насока на дејствување врз сите граѓани и државјани на Македонија да не одат да се борат во туѓи војски и земјите на Блискиот Исток. Целта на овие мерки, пред сѐ, е зачувување  на верата, пред сѐ на исламот и нивната национална припадност – рече Јашари.

Според амбасадорот Брадке, ова е проблем за кој и САД и Макединија се многу загрижени. Тој истакна дека ова се борци кои доаѓаат од повеќе од 80 земји, вклучително и САД. Ги имаме Сирија и Ирак и нивното учество во борбата против надворешни организации како ИСИЛ и Ал Нусра.

bradke

– Загрижени сме поради ова од неколку причини: прво, поради тоа што го прават тие внатре во Сирија и во Ирак, го тероризираат локалното население, вршат ужасни работи врз заложниците што ги земаат. Она што, исто така, загрижува со овие борци и потенцијалот кој тие го имаат кога ќе се вратат во своите земји или во други земји – изјави Роберт Брадке.

Брадке истакна дека се позитивни измените во Кривичниот закон што се предвидени, но потенцираше дека уште поважно е како ќе се спроведе законот.

Тој додаде дека Македонија е одличен партнер на САД во справувувањето со овој проблем.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top