| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордер: Има четири жени, седум вереници и пет девојки, а ниту една не знае за другите

Сонко Тиџан има четири жени, седум вереници и пет девојки и е апсолутен рекордер во бигамија во Австрија. Тој најпосле е фатен на аеродромот во Виеан откако две пд жените сфатиле дека се омажени за ист човек и го пријавиле во полиција. Заводникот собирал жени по цела Австрија користејќи ги да преспие кај нив и да престојува понекогаш кога е во близина, а позајмувал и пари кои никогаш не им ги враќал.

До разоткривање дошло откако ја запознал Соња Мајар која верувала дека тоа е љубов на прв поглед откако ја восхитил во еден бар. Тиџан потекнува од Гамбија и на Соња и рекол дека се чувствува исто како по краткотрајна романса и покрај противењето на нејзиното семејство се венчале по еден месец. По една година среќен брак Соња забременила. Еден ден наишла на жена со исто презиме и сопруг кој наликува на нејзиниот. Се разбира продолжила да истражува по профилот на жената и сфатила дека имаат заеднички сопруг.

-Помислив дека можеби има брат близнак или ме изневерува, рекла Соња.

Двете жени воспоставиле контакт и го пријавиле во полиција. Тоа, пак, ги довело до откритието дека имал 16 различни жени кои веријатно сите мислеле дека се единствени, а со три од нив бил оженет. Најмладата сопруга има 22 години, а најстарата 44. Во Африка исто така има жена со која има деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top