| четврток, 6 декември 2018 |

Горивата поевтинуваат од 1,5 до 3 денари

Малопродажните цени на горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 до 3 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

ceni benzini

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,41 односно 3,97 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3 денари по литар и сега ќе чини 74 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 2,5 денари и ќе се продава за 76 денари за литар. Цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,5 денари и ќе чини 63 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 2 денари и ќе се продава за 51,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 2,86 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе чини 35,892 денари за килограм.

Како причина за намалување на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 6,87 отсто  пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,67 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top