| четврток, 6 декември 2018 |

Реал остана без Бејл пред Ел Класико

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл ќе го пропушти натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампиони и ќе биде под голем знак прашалник за големото дерби Ел Класико против Барселона наредниот викенд.

Велшанецот го пропушти гостувањето против Леванте поради проблеми со мускулот, а мадридските медиуми денес потврдија дека, дефинитивно, ќе го пропушти и мечот на „Енфилд роуд“ од рамките на ЛШ и дека шансите да биде подготвен за средбата со Барселона се многу мали.

„Марка“ и „Ас“ пишуваат дека тоа би го натерало Карло Анчелоти да ја промени тактиката во 4-4-2 со Крос, Модриќ, Иско и Родригез во средината, а Роналдо и Бензема во нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top