Изложба на отворено во скопската населба Карпош наречена „Арт ограда“, составена од фотографии од најновите креации на дизајнерите, учесници на претстојната модна недела Скопје се организира на само еден ден пред почетокот на десеттото издание, на 22 октомври, во 11 часот.
Изложбата ќе трае еден месец, до 22 ноември 2014 година, на надворешната ограда на објектот „Државен архив на Република Македонија“.
– За нашето десетто јубилејно издание, со општина Карпош одлучивме, пред сѐ, на жителите на општината како и на сите скопјани, да им овозможиме на „ѕирнат“ во дел одколекциите на нашите дизајнери-учесници. Покрај уживањето во модните трендови, граѓаните ќе имаат можност да ја запознаат подобро својата општина и да ја видат во едно поинакво светло – велат од велат од организацијата на Модната недела Скопје која почна на 23 и ќе трае до 27 октомври.
Фотографиите се направени на осум локации во општината Карпош: новоизградени, реновирани, но и објекти што со децении се заштитен знак на општината. Во улога на модели се познатите македонски актерки Дарја Ризова и Ивана Павлаковиќ, победничката на првото издание на „Танц со ѕвездите“ во Македонија – Јована Василева, како и манекенките од модната агенција „Подиум“: Моника Илиевска, Рене Вајт, Јорданка Михајловиќ и Фаниа Гиачо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.