| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер распнат на крст од страна на исламистите

Исламистите уште еднаш ја запрепастија светската јавност. Тие на плоштадот во центарот на Рака распнале и јавно убиле тинејџер бидејќи недозволено фотографирал штаб на ИСИС во Сирија.

Наводно момчето било забележано како продава фотографии од милитантите по цена од 500 турски лири, што предизвикало бес кај терористите кои го оставиле да виси на крст цели три дена. На една од фотографиите што на социјалните мрежи ги објавија група активисти, кои се против ИСИС, несреќниот тинејџер на вратот има плакат на кој пишува дека е обвинет поради тоа што ја напуштил сопствената религија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top