| четврток, 6 декември 2018 |

Вилјареал се пробива кон врвот (видео)

Фудбалерите на Вилјареал дојдоа до втората победа во низа во Примера дивизијата, откако синоќа пред своја публика славеа над гостите од Алмерија со 2-0.

Двата гола за домаќините ги постигна Нигериецот Икечукву Уче, по еден во двата дела од натпреварот. Во екипата на Вилјареал не беше повредениот Антонио Рукавина кој ќе паузира уште три недели.

„Жолтата подморница“ со овој триумф се проби до шестата позиција на табелата со 14 освоени бода, додека Алмерија остана во средина на табелата со девет бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top