Аргентинецот Матео Мусакио ќе биде првиот нов фудбалер во ерата на новите кинески сопственици на Милан, тврдат весниците и во Италија и во Шпанија. Милан ќе плати 15 милиони евра за 26-годишниот дефанзивец, кој е најдобрите на својата позиција во шпанската Примера.
„Росонерите’“ го посакуваа Мусакио и минатата сезона, но во последен момент преговорите пропаднаа. Сепак контактот меѓу агентот на фудбалерот и челниците на Милан остана и сега е договорен премин на „Сан Сиро“ на потенцијалниот аргентински репрезентативец.
Мусакио одигра 246 натпревари за Вилјареал и постигнаа 7 гола, а оваа сезона е фудбалер со најмногу настапи на својата екипа во Примера дивизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент