| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен градоначалникот на Загреб

bandi__spec_708295S1Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ е уапсен во голема акција на хрватската полиција во која се приведени уште десетина негови соработници. Полицијата извршила и претрес во неговиот дом, каде што истражилите неколку часа трагале по докази и документи што можат да го поврзат со корупција, злоупотреба на положба и трговија под влијание, дела за кои е и осомничен.

Адвокатот на градоначалникот потврдил дека претресот траел речиси седум часа. Истовремено се прабарувани и куќите на другите приведени, меѓу кои и на претседателот на управата на загрепскиот холдинг д.о.о. Слободан Љубичиќ и на косопственикот на ЦИОС групата Птер Припуз, како и службени канцеларии на Бандиќ.

За сите приведени ќе бидат поднесени кривични пријави за повеќе кривични дела поврзани со корупција, злоупотреба на службената положба и трговија под влијание.

Неофицијално, како што пренесуваат хрватските медиуми, градоначалникот на Загреб се обвинува за неколку типови малверзации. Пред сè, станува збор за замена на земјишта во кои приватни компании, наводно во замена за евтини парцели, од градот добивале земјишта со многу поголема вредност. Разликите во вредностите на земјиштата се мереле во милиони евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top