Манастрирот Свето Преобржение над Крушево е утеха за семејството на Тоше. Најблиските секојдневно доаѓаат да го посетат, да помогнат во работите за негоото возобновување. Како што пишува Дневник, поврзаноста на ова семејство со манастирот крушевчани ја раскажуваат како урбана легенда, а дел од неа за весникот открива Дора Ристеска, сестрата на Тоше.
– Kога мајка ми Домника имала 17 години, на празникот Преображение на сон и се појавил човек во помлади години, покриен со бела наметка. Не можела да му го види лицето, туку само нозете, кои виселе во воздухот. Во еден миг слушнала хор, кој пее „Алелуја”. Песната ја прекинал глас, кој и се обратил: „Ти ќе ја видиш светлината, ќе доживееш голема радост, а потоа ќе го почувствуваш и вкусот на големата горчина. Затоа мора да ја изедеш оваа каша со листови од орев.” Мајка ми се згрозила од кашата само што ја видела. Почнала да јаде и во сонот доживеала преголема горчина од нејзиниот вкус – вели Дора за Дневник.
По неколку години, кога Домника се омажила за Никола, ја посетиле црквата „Света Богородица”. Kога ја видела иконата на Свето Преображение, здивот и застанал.
– Му рекла на татко ми: „Ова е човекот покриен со бела прекривка, што го видов на сон кога бев девојка”. Kога Тоше не напушти, мајка ми се сети на сонот и во солзи ни рече: „Ете го претскажувањето. Доживеав голема радост, Тоше ни донесе светлина во домот, а отсега веќе животот ќе ми биде горчина. Ја чувствувам истата горчина како кога ја изедов кашата со листови од орев во сонот” – открива сестрата на музичката легенда за Дневник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.