| четврток, 6 декември 2018 |

Фановите разочарани од Џејми Оливер, бидејќи вработил педофил

Еден од најпознатите готвачи во Светот, Џејми Оливер се најде на удар на јавноста во Британија откако во својот лондонски ресторан „Fiftin“ вработи осуден педофил.

Дејвид Мејсон на 19 години силувал 12 годишно девојче, поради што две години минал во поправна институција и две години бил на условна казна. Џејми Оливер го вработи во склоп на својот проект за вработување на проблематични млади луѓе кои се во неповолна ситуација, па така Дејвид се придружи на тимот на големите готвачи. Џејми се одлучи да му пружи втора шанса.

– Беше потполно искрен во својата пријава за минатото, а ние одлучивме да му пружиме прилика бидејќи ја отслужил својата казна – изјави портпаролот на Оливер.

Многу обожаватели на познатиот готвач го осудуваат овој негов потег бидејќи сметаат дека бројни луѓе кои не направиле никакво злосторство и никогаш не биле насилни сонуваат за ваква прилика, а тој ја дал на осуден педофил.

– Жално е да се види дека си вработил силувач на деца. Неговата жртва имала само 12 години – стои во еден од коментарите.

– Силувач на деца ти е ученик? Од сега веќе ја немаш мојата поддршка – уште еден од коментарите.

Оливер е познат по тоа што сака да им помага на децата од понизок социјален и економски слој. За тоа и служи неговата програма „Fiftin“ во која им дава прилика на проблематичните млади луѓе да станат готвачи во неговиот ресторан. Учесниците на програмата обично како деца имале проблеми, како зависност, полесни престапи и слично. Меѓутоа, така тешко дело како силување и педофилија не било амнестирано до сега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top