Актерот Емир Хаџихафизбеговиќ (53) по операцијата на раката вчера утро е пуштен на домашно лекување од болницата во Нова Градишка.
Емир повредите ги заработи во сообраќајната несреќа во која ја усмрти 66-годипната Анкица Кудуз кога со возилото налета на неа. По шест дена поминати во болница, лекарите одлучија да го пуштат за да го продолжи лекувањето во домашни услови, каде со него цело време се сопругата, синот и ќерката.
– Емир физички е многу подобар, но и натаму е во тешка психичка состојба. Тој би сакал да го посети семејството Кудуз, но засега не е подготвен на тоа. Се уште не може да се сети како се случи несреќата, но по цел ден му идат солзи на очите бидејќи никогаш не бил во таква ситуација. Кој знае до кога тоа ќе го држи бидејќи нема мир ниту секунда, раскажува извор за хрватските весници.
Сопругата на Емир Аида рече дека заедно со Емир испратила телеграма со сочуство до семејството на настраданта, но и дека ќе стапи во контакт со нив кога ќе помине некое време.
Таа истакнува дека на нејзиниот сопруг му е многу тешко, дека постојано плаче и дека се уште не се сеќава како се случи несреќата. Аида е постојано покрај сопругот како и нивните две деца кои му помагаат во опоравувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.