| четврток, 6 декември 2018 |

Предлогот на папата за хомосексуалците доживеа неуспех

Предлогот на папата Франциско за пошироко прифаќање на хомосексуалците доживеа неуспех, откако не го доби потребното двотретинско мнозинство во Синодот на Католичката црква.

Во нацрт-извештајот папата повика на поголема отвореност кон хомосексуалците и разведените католици, кои повторно стапиле во брак.

Меѓутоа тие делови од нацртот не се одобрени и се отстранети од конечниот тект, додека Синодот ги усвои останатите делови од извештајот.

Двонеделниот состанок на кардиналите покажа дека постојат големи разлики во Католичката црква околу начинот за прилагодување на традиционалното црковно учење за човечката сексуалност и ставовите на 21 век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top