| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на ЕБОР во посета на Македонија

Делегација на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој од денес до 22-ри овој месец ќе престојува во Република Македонија.

За време на престојот ќе имаат средби со владини претставници, претставниците на локалните бизниси, странските инвеститори и граѓанскиот сектор, како и меѓународните финансиски институции и дипломатската зедница.

Делегацијата ќе го посети главниот град Скопје, како и клиентите и партнерите на Банката во Охрид, Прилеп и Кавадарци.

Директорите на Бордот ќе имаат средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со вицепремиерот за економски работи Владимир Пешевски, со вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими, со гувернерот на Народна банка Димитар Богов, со министерот без ресор за задолжен за странски инвестиции Веле Самак, со главниот и извршен директот на Дирекцијата за технолошки и индустриски зони Виктор Мизо и со потпретседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.

ЕБОР започна со своите инвестиции во Македонија во 1993 година и до денес има потпишано над 80 проекти со нето кумилативен деловен обем над 1,1 милијарда евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top