Сопственикот на најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“, Марк Цукерберг инвестираше во имот на Хаваите.
За 100 милиони долари Цукерберг купи 700 хектари на островот и сега има своја плажа, плантажи за шеќер и органска фарма.
Но, Цукерберг не е единствениот милијардер кој се одлучил да купи дел од Хаваите, бидејќи минатата година и Лари Елисон, сопственикот на компанијата „Oracle“, купи дел од островот за 600 милиони долари.
Основачот на „Фејсбук“, чие богатство се проценува на 30 милијарди долари, најпрво живееше во мал стан покрај седиштето на својата компанија во која минувал и до 16 часа дневно, за потоа да се пресели во резиденција вредна 7 милиони долари во Пало Алто во Калифорнија, што во светот на милијардерите и понатаму се смета за скромност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод
-
Вулканската лава на Хаваи, во океанот создава гасови опасни по здравјето
-
Сите побегнаа од Хаваи: Вулканот дивее, земјата се тресе, лавата голта сè пред себе
-
Цукерберг: Откривме голем број профили за лажни вести од Македонија