Почна изградбата на ТИРЗ во Берово на површина од 17 хектари. Во првата фаза од реализацијата Владата ќе вложи околу половина милион евра со кои ќе се гради внатрешната инфраструктура. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за економија Беким Незири, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо и градоначалникот на Берово Драги Наџински, јави МИА.
Зоната, според премиерот Груевски, ќе има посебно значење за Берово.
– Сите знаеме дека најголемата болка на овој крај, но и на други региони низ државата е невработеноста. Тука во Берово ја имате природата, ги имате чистиот воздух, прекрасни шуми, плодната земја, вредните луѓе. Развиено е земјоделството, шумарството, поледелството, а до некаде и туризмот, но она што недостасува се инвестициите и отворањето на нови работни места кои ќе го заживеат овој регион – забележа премиерот.
Знаејќи го овој проблем, нагласи тој, Владата активно работи да обезбеди што повеќе инвестиции како во Берово така и во цела држава.
Претседателот на Владата изрази уверување дека интересот за инвестирање во ТИРЗ Берово ќе биде поголем поради огромниот природен потенцијал на регионот надополнет со одличната местоположба на зоната.
– Ставајќи камен-темелчник на оваа ТИРЗ не може, а да не се присетиме на беровските фабрики кои функционираа во минатото, а згаснаа за време на транзицијата. Гаснењето на фирмите зададе голем удар на вработеноста во Берово и ние таквото минато не можеме да го промениме, но затоа пак можеме да дадеме се од себе и иднината да биде подобра и за неколку години отсега да можеме да наброиме повеќе нови фабрики во новата ТИРЗ – додаде Груевски.
Потсети дека цел владин тим работи на привлекување странски инвестиции и оти овие години Македонија поставува рекорди во привлекување странски инвестиции.
– Голем дел од компаниите се исклучиво задоволnи од работата во Македонија. Дел од нив се решија да отворат и втора фабрика во земјава. Таквото задоволство се слуша надалеку и ни носи нови заинтересирани инвеститори. Верувам дека после изградбата на зоната дел од нив ќе се решат токму тука да го прошират своето производство и да изградат нови фабрики – истакна Груевски.
Поставувањето на камен-темелник на ТИРЗ во Берово за вицепремиерот Пешевски e почеток на нешто што ќе претставува уште едно од обележјата по кое е познато Берово.
– Верувам дека луѓето ќе останат тука не само заради убавата храна и природа, туку и за можноста за егзистенција – истакна Пешевски, нагласувајќи дека целта на изградбата на ТИРЗ во Берово е да се вратат луѓето што отидоа во странство да најдат место за егзистенција.
ТИРЗ во Берово ќе има 10 парцели. Се наоѓа во местото викано Шушлевец, на еден километар од Берово во непосредна близина на регионалниот пат Берово – Дабиле, Струмичко. Според проектот, планирана е изградба на внатрешна улична мрежа, довод на вода, струја и гас, посебна мрежа за улично осветлување, канализациска инфраструктура за прифаќање на атмосферските и отпадни води, како и преземање на сите потребни мерки за заштита на животната средина.
Премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за економија Беким Незири, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо и градоначалникот на Виница, Емил Димитриевски, претходно го одбележаа почетокот на изградбата на ТИРЗ „Виница“, која се простира на површина од 21 хектар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



