| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е гардистот кој го воодушевил Путин (ФОТО)

Поручникот Ѓорѓе Симиќ (28), командант на егзерцир Гардата, е човекот кој доби најмногу овации на воената парада во Белград. Тој и неговите колеги  со вештината на ракување со оружје го  воодушевија и самиот претседател на Русија, Владимир Путин.

гарди

Симиќ вели дека учеството на парадата со присуството на Путин, за него има огромно значење бидејќи и неговиот дедо своевремено бил офицер во руската војска.

Вели дека немал трема бидејќи неговите колеги гардисти и тој се совршено извежбани, но стравувал дека поради дождот некои од стотината најкомплицирани потези со полуавтомстска пушка М59-66 нема да бидат беспрекорно изведени, но за среќа се поминало во најдобар ред.

Иако зад него стојат 25 егзерцири со кои до сега командувал, овој одржан на воената парада за него претставувал посебна чест и обврска.

– Обврска, гордост, чест! Ако со три збора би морал да опишам како се изгледаше, тогаш тоа би биле точно тие зборови. Знаете, не е мала работа да с еучествува на воена парада. Тоа не може да се мери со ништо! Единствено е чувствота… ги пренесува впечатоците Симиќ за српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top