| четврток, 6 декември 2018 |

Гостивар: Затруено 14-годишно девојче

klinika

Четиринаест годишно девојче кое било во бесознание и со знаци на труење, испратено е како итен случај од гостиварската болница на скопските клиники, информираат од СВР Тетово.

Според првичните сознанија, девојчето во Ургентниот центар во Гостивар го донеле роднини. Тие на лекарите им кажале дека најверојатно девојчето се затруло со некаква хемиска супстанца.

Гостиварската полиција работи на расветлување на поединостите околу случајот, односно дали се работи за обид за самоубиство, ненамерно труење или нешто друго, информираат од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top