Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли како сосема неточни тврдењата дека неговиот брат е поврзан со инцидентот со малото беспилотно летало, што леташе над теренот на стадионот на „Партизан“ во Белград, за време на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Албанија и на Србија.
– Ниту мојот брат ниту било кој од оние, вкупно 45 луѓе дојдени од Албанија за натпреварот ,се виновни за она што се случи, рече премиерот Рама во интервју за Си-Ен-Ен.
Според албанскиот премиер, никој од нив не можело да биде поврзан со леталото, затоа што телевизиските снимки покажуваат дека тоа долетало од надвор, што значи дека не е покренато од стадионот или уште помалку од местото каде беше сместена албанската делегација.
Во интервјуто Рама изрази жалење за она што се случи и ги отфрли обвинувањата кон Албанија, означувајќи ги како „пропаганда“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.