
Претседателот на САД, Барак Обама се посрамоти во еден ресторан во Њујорк, откако неговата картичка со која сакал да ја плати вечерата била одбиена.
– Дури и јас тоа го доживеав. Се покажа дека не ја користам доволно. Се обидов на келнерот да му објаснам, но безуспешно – им изјавил на новинарите Обама, а пренесува „Би-би-си“.
Платата на американскиот претседатек е 400 илјади долари годишно, а Обама има отворена сметка која не подлежи на данок во износ од 50 илјади долари.
Инаку, во ресторанот, ситуацијата ја спасила неговата сопруга Мишел, која ја платила вечерата со својата кредина картичка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


