| четврток, 6 декември 2018 |

Жена загина во пожар во сопствената куќа

pozar1_0

Во пожар што избувнал во нејзиниот дом, вчера попладнето згаснал животот на Драгица Ш.(76), соопшти СВР Битола.

Околу 14 часот вчера во битолското село Буково избил пожар во куќата на Драгица, по што биле повикани пожарникарите, кои го изгаснале пожарот. Но три часа подоцна, околу 17 часот, кога бил вршен увид, пожарникарите го нашле изгореното тело на жената.

Причина за пожарот е несоодветно ракување со грејното тело, соопштува СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top