
Американската компанија за онлајн продажба најави ангажирање на 80 илјади сезонски работници во САД.
Компанијата и оваа година сака да ја унапреди испораката за претстојната празнична сезона. Се работи за зголемување на бројот на сезонци за 14% во однос на ланските 70,000, што се должи на новите дистрибутивни центри.
Компанијата сега има ад 50 дистрибутивни центри низ САД, за 10 повеќе од лани.
Проценките се дека илјадници од сезонските работни места ќе бидат претворени во постојани вработувања. Во овој момент Амазон вработува над 132,600 работници низ светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


