| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска пештера како од „Господар на прстените“ (фото)

Пештерата Пешна која се наоѓа на 6 километри од Македонски Брод, е прогласена за споменик на природата. Според спелеолозите, Пешна е со најголем отвор на Балканот- таваницата на отворот е 30 метри висина. Оваа пештера од Македонија, во „Њујорк тајмс“ е опишана како идентична на измислените пештери во филмот „Господарот на прстените“.

500016why600.1

– Три години патував низ САД и секое лето се враќав во Македонија. Сум патувал и низ цел свет, но сфатив дека не сум ги истражил убавините на мојата земја. Никогаш не сум бил во пештерата Пешна. Таа изгледа исто како онаа во „Господар на прстените“, вели Алек Гавриловски од Македонија, која студирал во Атланта, Џорџија.

Остатоците од тврдината во пештерата се доведуваат во врска со месноста „Девини кули“ која се гледа од внатрешноста на пештерата.

750020120326-pestera-pesna2

Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Како што потврдуваат и промотерите на брендот на Крале Марко, „легендите велат дека на нејзиниот влез и навнатре била изградена тврдината на втората сестра на Крали Марко“.

Пешна е регистрирана како локалитет од доцноантичкиот период во Македонија. Во близина на селото Слатина, пред влезот на самата пештера е откриена гробница со свод од тули и страничен влез од западната страна.

Fontes_of_Peshna_Cave1_Panoramio

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top