| четврток, 6 декември 2018 |

Хмирова четири месеци надвор од теренот

Ракометарката на македонскиот првак ЖРК Вардар Татјана Хмирова четири месеци ќе отсуствува од ракометните терени. Врз Хмирова беше извршен оперативен зафат на повреденото десно рамо во Хрватска. Повредата беше присутна подолг
период и операцијата беше начин се реши овој здравствен проблем.

– По прегледаните снимки и врз досегашните искуства со овие повреди, Хмирова ќе отсуствува од терените најмалку четири месеци, бидејќи потребна е внимателна рехабилитација. Таа постојано ќе биде под мониторинг на медицинскиот тим, објавено е на официјалната интернет страница на клубот, со надеж дека Хмирова ќе биде подготвена за вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите.

Руската интернационалка во дресот на Вардар е втората ракометарка, која пред стартот на Лигата на шампионите сезонава е оперирирана откако претходно и Французинката Алисон Пино имаше операција на коленото.

ЖРК Вардар во недела со натпреварот во Подгорица против Будуќност ја почнува новата сезона во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top