| четврток, 6 декември 2018 |

Девојките на принцот Вилијам – Втор дел

 

Изабела Анструтер – Гоф – Калторп

По разделбата со Џесика, Вилијам целото свое внимание го насочил кон трпеливата Кејт. Тие започнале врска, но печатот пишувал дека принцот се загледува и по други жени. На пример по долгогодишната познаничка, бароницата Изабела Калторп која учела на друг факултет на Сент Ендрјуз.

Изабела Анструтер - Калтроп

Изабела Анструтер – Гоф – Калтроп

Од гледна точка на Кејт, Изабела претставувала сериозна опасност. Мидлтон секако е убава , но Калторп се одликуваат со изглед на манекенка – плава коса, витка фигура, долги нозе, заслепувачка насмевка. Присуствувајќи  на добротворни настани, Вилијам често си дозволувал да флертува отворено со Изабела, што секако не и се допаѓало на Кејт .

Изабела

Изабела Анструтер – Гоф – Калтроп

На крајот Мидлтон објавила ултиматум – или јас, или Калторп. За среќа, се покажало дека Изабела воопшто не е заинтересирана за принцот, што му го покажувала недвосмислено. Убавицата била вљубена во мултимилионерот и сопственик на компанијата „Вирџин“, Ричард Бренсон. Двајцата се венчаа минатата година.

 

Кејт Мидлтон

Во 2004 година навидум скромниот Вилијам веќе имал доста импресивен донжуански список. Кејт Мидлтон, секогаш била до него, ги следела советите на мајка си, кој гласеле “Почекај го, да се изнаигра” и продолжува и понатаму да одржува пријателски односи со принцот.

Кејт Мидлтон

Кејт Мидлтон

Оваа тактика се покажала како добитна – по одбивањето на Изабела, Вилијам се покаал пред Мидлтон и искрата меѓу нив пламнала со нова сила .

Кејт Мидлтон и Принцот Вилијам

Кејт Мидлтон и Принцот Вилијам

Втората година од нивната врска еден новинар на британскиот весник „Сан“ го прашал Вилијам, дали планира да се жени. Принцот одговорил  “Ама ве молам, јас имам само 22 години! Ќе се оженам најрано на 29”. Годините минувале, двајцата вљубени се заедно, но Вилијам не брза да и предложи брак на Кејт. Кога завршила и се вработила во лондонскиот магазин „Џигсо, Кејт многу ја нервирале папараците кои иако таа сеуште не била мажена за принцот и обрнувале внимание како на некоја ѕвезда.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Во 2007 година принцот заминал на тренинг армиски камп во округот Дорсет. Во медиумите се повеќе има гласини дека се разделил со Кејт и дека во слободните денови  не оди кај неа, туку оди во ноќни клубови со бразилски студентки. Во април 2007 година двојката официјално објави дека се разделуваат.  Додека Кејт жалела за изгубената љубов , Вилијам прославува  на забави со пријателите.

Кејт Мидлтон

Кејт Мидлтон

На местото на Мидлтон многу девојки би паднале во длабока депресија – не е шега да испуштиш принц! Но, убавицата брзо се совземала, облекла тесен  краток фустан и со гордо крената глава отишла да се забавува во клубот на нивниот заеднички Гај Пели. Вилијам брзо ја сфатил својата грешка и уште во јули двајцата се појавиле заедно на еден концерт во Лондон, посветен на споменот на принцезата Дијан . Ниту официјалните извори, ниту самите вљубени не го коментирале својот однос . Тие едноставно биле среќни.

Кејт Мидлтон и Принц Вилијам

Кејт Мидлтон и Принц Вилијам

На 16 ноември 2010 година конечно се случило она што целиот свет одамна го очекувал – секретарот на кралското семејство соопшти дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се свршиле. Свршувачката се случила далеку од јавноста, во омилената на благородникот, Кенија. Додека новинарите ја споменувале  Кејт со навредливиот  прекар Katie Waity ( “Кејти која чека” ), Вилијам свечено и го ставил на Кејт прстенот на неговата мајка, принцезата Дајана. На пресконференцијата за случката, Мидлтон им се насмевнала со блескава насмевка на новинарите , веројатно со мислата ” Еве ви ја најпосле вашата бајка за Пепелашка! ” .

 

midl7

Кејт Мидлтон со принцот Џорџ Аликзадар Луи

Кога на свадбата на 29 април 2011 година Кејт се појави со тиарата на Елизабета Втора, сите сфаќаат дека Нејзиното Височество ја одобрува избраничката на внукот. И со право! Кејт стана љубимица на луѓето од целиот свет за неколку дена, а минатата година му подари нов наследник на кралското семејство- принцот Џорџ Александар Луи. На сите слики се гледа јасно дека брачната двојка е неверојатно среќна.

ПРВИОТ ДЕЛ МОЖЕТЕ ДА ГО ВИДИТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top