| четврток, 6 декември 2018 |

Кризата се надминува со инвестирање

За да се за­др­жи, но и зго­ле­ми, при­сус­тво­то на па­за­рот, не­ми­нов­но е прис­по­со­бу­ва­ње на но­ви­те ус­ло­ви и ба­ра­ња. Се­пак, ос­но­ва­та на до­бро­то ра­бо­те­ње е да се соз­да­де ква­ли­те­тен про­из­вод, изра­бо­тен од вни­ма­тел­но из­бра­ни со­стој­ки и пра­вил­но пла­си­ран на па­за­рот. При­др­жу­ва­ње­то кон ос­нов­ни­те прин­ци­пи на ра­бо­та га­ран­ти­ра од­ли­чен плас­ман на па­за­рот и пре­поз­нат­ли­вост на про­из­во­дот од са­ми­те ку­пу­ва­чи

Оп­сто­ју­ва­ње­то на еден биз­нис со го­ди­ни, не­го­во про­ши­ру­ва­ње, над­гра­ду­ва­ње и по­до­бру­ва­ње е знак де­ка тој е ста­би­лен и перс­пе­кти­вен, но и де­ка го во­ди тим кој знае да се бо­ри со пре­диз­ви­ци­те на со­вре­ме­но­то жи­ве­е­ње и да пли­ва ус­пеш­но во не­мир­ни­те во­ди на еко­ном­ско­то оп­сто­ју­ва­ње. А, ко­га ќе се спо­ме­не де­ка тој про­из­во­ди­тел е вле­зен во се­кој дом и ни го збо­га­ту­ва жи­во­тот со сла­тки и со со­ле­ни за­до­волс­тва, то­гаш сли­ка­та за ра­бо­те­ње­то на „Ви­та­мин­ка“ ста­ну­ва по­комп­лет­на и це­лос­на. Фа­бри­ка­та, ко­ја е ос­но­ва­на во да­леч­на­та 1956 го­ди­на, е ед­на од нај­ста­ри­те про­из­вод­ни ка­па­ци­те­ти во Ма­ке­до­ни­ја. Во по­че­то­кот, сѐ до 1974 го­ди­на, фа­бри­ка­та ра­бо­те­ла са­мо со еден про­из­во­ден асор­ти­ман, ме­лен цр­вен пи­пер, што би­ло до­вол­но за да ра­бо­ти ус­пеш­но це­ли 18 го­ди­ни. Про­ши­ру­ва­ње­то на про­из­вод­ни­от асор­ти­ман се слу­чи­ло во 1975 го­ди­на, а со са­мо­то тоа поч­нал и кон­ти­ну­и­ра­ни­от раз­вој на оваа пре­хран­бе­на ин­ду­стри­ја, кој не за­пи­ра ни де­нес. При­леп­ска „Ви­та­мин­ка“ од фа­бри­ка за про­из­водс­тво на ме­лен цр­вен пи­пер пре­рас­на во ком­па­ни­ја ко­ја е ли­дер во пре­хран­бе­на­та ин­ду­стри­ја на ма­ке­дон­ски­от па­зар. Со про­цес ус­пеш­но за­вр­шен уште во 1999 го­ди­на, „Ви­та­мин­ка“ е це­лос­но при­ва­ти­зи­ра­на ком­па­ни­ја. Де­нес ком­па­ни­ја­та има 576 вра­бо­те­ни, од кои пре­ку 90 се ви­со­ко­о­бра­зо­ва­ни струч­ни ка­дри, и рас­по­ла­га со 19 про­из­вод­ни ли­нии или по­ве­ќе од 350 ти­по­ви па­ку­ва­ња.

Ekonomija110-2

– По­сто­е­ње­то на па­за­рот це­ли 58 го­ди­ни не мо­же да би­де слу­чај­но, осо­бе­но зе­мај­ќи ги пред­вид про­мен­ли­ви­те па­зар­ни ус­ло­ви и го­ле­ми­те бра­ну­ва­ња што се слу­чу­ва­ат во овој по­лу­ве­ко­вен пер­и­од. Ви­сти­на­та е де­ка во тол­ку долг пер­и­од бев­ме све­до­ци на мно­гу стру­ктур­ни про­ме­ни, поч­ну­вај­ќи со ма­кси­мал­но отво­ра­ње на па­за­рот, вле­гу­ва­ње на стран­ски­те про­из­во­ди и екс­пан­зи­ја на по­ма­ли до­маш­ни про­из­во­ди­те­ли. Се­то тоа при­до­не­се за рас­цеп­ку­ва­ње на па­за­рот, при што се­кој се бо­ри на свој на­чин за сво­е­то ме­сто на по­ли­ци­те. За да се за­др­жи, но и зго­ле­ми, при­сус­тво­то, не­ми­нов­но е да се прис­по­со­бу­ва­те на но­ви­те ус­ло­ви и ба­ра­ња. Се­пак, ос­но­ва­та на до­бро­то ра­бо­те­ње е да соз­да­де­те ква­ли­те­тен про­из­вод, изра­бо­тен од вни­ма­тел­но из­бра­ни со­стој­ки и пра­вил­но пла­си­ран на па­за­рот. При­др­жу­ва­ње­то кон ос­нов­ни­те прин­ци­пи на ра­бо­та га­ран­ти­ра од­ли­чен плас­ман на па­за­рот и пре­поз­нат­ли­вост на про­из­во­дот од са­ми­те ку­пу­ва­чи – ве­ли пр­ви­от чо­век на „Ви­та­мин­ка“, Са­шо На­у­мо­ски.

За вре­ме на сво­е­то по­сто­е­ње, оваа фа­бри­ка се со­о­чу­ва­ла со мно­гу проб­ле­ми, но си­те ги има над­ми­на­то ус­пеш­но. Ед­но од по­го­ле­ми­те не­га­тив­ни вли­ја­ни­ја, се­ка­ко, е еко­ном­ска­та кри­за, за ко­ја во „Ви­та­мин­ка“ наш­ле на­чин ка­ко ус­пеш­но да ја пре­жи­ве­ат и над­жи­ве­ат.

– Иа­ко еко­ном­ска­та кри­за бе­ше и сѐ уште е се­ри­оз­на за­ка­на за мно­гу­број­ни ма­ке­дон­ски ком­па­нии, не­га­тив­ни­те ефе­кти мо­же да се над­ми­нат. Нај­до­бри­от на­чин за спра­ву­ва­ње со еко­ном­ска­та кри­за е ин­ве­сти­ци­ја и вло­жу­ва­ње во ос­нов­на­та опе­ра­тив­ност за­тоа што ви­стин­ска­та ин­ве­сти­ци­ја се­ко­гаш се вра­ќа со по­зи­ти­вен ефект. Пос­лед­на­та на­ша ин­ве­сти­ци­ја бе­ше во уна­пре­ду­ва­ње и мо­дер­ни­зи­ра­ње на про­из­вод­на­та ли­ни­ја за чо­ко­ла­да. Оваа ин­ве­сти­ци­ја при­до­не­се за по­го­лем ква­ли­тет на на­ши­те чо­ко­ла­да, а, исто та­ка, ќе го за­бр­за и про­из­вод­ни­от про­цес. Тоа ќе нѐ на­пра­ви по­кон­ку­рент­ни на до­маш­ни­от па­зар, а, се­ка­ко, е од­лич­на старт­на по­зи­ци­ја и за пла­си­ра­ње на стран­ски­от па­зар – ве­лат от­та­му.

При­сус­тво­то на про­из­во­ди­те на „Ви­та­мин­ка“ на стран­ски­от па­зар е сѐ по­го­ле­мо и рас­те од ден на ден ка­ко ре­зул­тат на нив­на­та из­воз­но­о­ри­ен­ти­ра­на стра­те­ги­ја.

– Мо­мен­тал­но сме при­сут­ни во по­ве­ќе од 30 зем­ји во Евро­па и во све­тот во­оп­што. Са­мо на ав­стра­ли­ски­от кон­ти­нент про­из­во­ди­те на „Ви­та­мин­ка“ се до­стап­ни ду­ри 25 го­ди­ни, што прет­ста­ву­ва наш ли­чен ку­ри­о­зи­тет. Пре­ку из­воз­на­та про­гра­ма мо­мен­тал­но пла­си­ра­ме око­лу 45 про­цен­ти од сво­е­то го­диш­но про­из­водс­тво. За­тоа што из­во­зот прет­ста­ву­ва зна­ча­ен дел од на­ше­то ра­бо­те­ње, из­воз­на­та стра­те­ги­ја е наш фо­кус и на­та­му, со про­ши­ру­ва­ње на про­из­во­ди­те при­сут­ни на стран­ски­те па­за­ри и со вле­гу­ва­ње на но­ви па­за­ри – об­јас­ну­ва На­у­мо­ски.

Од „Ви­та­мин­ка“ оце­ну­ва­ат де­ка има раз­ли­ка во ра­бо­те­ње­то на ми­кро­ни­во и на ма­кро­ни­во, но таа раз­ли­ка не е се­ко­гаш важ­на.

– „Ви­та­мин­ка“ не е са­мо си­но­ним за од­ли­чен ква­ли­тет, ту­ку на на­ши­от па­зар е и име за по­сто­ја­ност на ква­ли­тет, број­ност на про­из­во­ди во мно­гу раз­лич­ни сег­мен­ти, по­сто­ја­на ко­му­ни­ка­ци­ја со ку­пу­ва­чи­те. На­ши­те про­из­во­ди се изра­бо­те­ни од ви­со­ко­ква­ли­тет­ни со­стој­ки, и се­то тоа е ве­ќе дел од на­ша­та исто­ри­ја и тра­ди­ци­ја ка­ко про­из­во­ден ен­ти­тет. До­де­ка, пак, на ма­кро­па­за­ри­те старт­на­та по­зи­ци­ја ни е со­се­ма по­и­на­ква. Та­му ре­но­ме­то и тра­ди­ци­ја­та на „Ви­та­мин­ка“ не се поз­на­ти ка­те­го­рии и единс­тве­но­то и нај­сил­но оруж­је со кое се бо­ри­ме за про­стор се на­ши­от ква­ли­тет, по­зи­ци­о­ни­ра­ње­то и умеш­но­ста во ко­му­ни­ци­ра­ње­то на про­из­во­дот. Ге­не­рал­ни­от зак­лу­чок е де­ка на ма­кро­ни­во мо­ра да се нат­пре­ва­ру­ва­те со до­маш­ни­те тр­гов­ски мар­ки, кои ве­ќе има­ат из­гра­де­на пре­поз­нат­ли­вост и дла­бо­ко се нав­ле­зе­ни во све­ста на ку­пу­ва­чи­те. На не­кои па­за­ри из­бо­рот на про­из­вод мно­гу че­сто е по­вр­зан со на­ци­о­нал­на­та свес­ност и па­три­о­ти­зам. Но, ква­ли­те­тот се це­ни и ба­ра се­ка­де и се­ко­гаш – ве­ли ге­не­рал­ни­от ди­ре­ктор на оваа при­леп­ска пре­хран­бе­на ин­ду­стри­ја, кој оваа по­зи­ци­ја ја нас­ле­дил од сво­јот та­тко, со што фа­бри­ка­та до­би но­ва енер­ги­ја и по­лет за уште по­ус­пеш­но гра­бе­ње на­пред кон но­ви ус­пе­си. Го пра­шав­ме ка­ко ус­пеа да ја про­дол­жи тра­ди­ци­ја­та на од­лич­но ра­бо­те­ње и да го за­чу­ва мо­де­лот на до­бро и до­ма­ќин­ско ра­бо­те­ње.

– Тра­ди­ци­ја­та на од­лич­но ра­­бо­те­ње ја про­дол­жу­ва­ме пре­ку при­др­жу­ва­ње до од­лич­на­та де­лов­на стра­те­ги­ја, по­стиг­ну­ва­ње на за­цр­та­ни­те це­ли, ра­бо­те­ње со ква­ли­тет­ни со­ра­бот­ни­ци, сле­де­ње на трен­до­ви­те во по­тро­шу­вач­ки­те на­ви­ки, сле­де­ње на до­бра­та ра­бот­на ети­ка, соз­да­ва­ње од­лич­на ра­бот­на ат­мо­сфе­ра и по­чит ме­ѓу вра­бо­те­ни­те. Исти­те ра­бо­ти што би­ле пра­кти­ку­ва­ни и прет­ход­но. „Ви­та­мин­ка“ во се­кој ас­пект функ­ци­о­ни­ра ка­ко це­ли­на и за­тоа ус­пе­хот е це­ло­сен и не­про­мен­лив – ни од­го­во­ри На­у­мо­ски.

Освен што ус­пеш­но ра­бо­тат се­га, ра­ко­водс­тво­то на фа­бри­ка­та има го­ле­ми пла­но­ви и за во ид­ни­на.

– Из­ми­на­та го­ди­на во­ве­дов­ме из­вес­ни про­ме­ни кои оче­ку­ва­ме де­ка ќе да­дат од­ли­чен ре­зул­тат и ќе при­до­не­сат во ис­пол­ну­ва­ње­то на на­ши­те пла­но­ви. По­крај вна­треш­ни­те про­ме­ни во стру­кту­ра­та, но­ва­та ин­ве­сти­ци­ја во про­из­водс­тво­то ќе ја уна­пре­ди про­из­вод­на­та тех­но­ло­ги­ја. Се­то тоа ќе има свој по­зи­ти­вен одраз врз зго­ле­му­ва­ње­то на про­из­вод­ни­от асор­ти­ман, ква­ли­те­тот на про­из­во­ди­те, при­сус­тво­то на па­за­рот и екс­пан­зи­ја­та на па­за­ри­те, кои се дел од це­ли­те што си ги има­ме по­ста­ве­но – нај­а­ву­ва­ат од „Ви­та­мин­ка“.

 

(Пишува: Александрија Стевковска
Текст објавен во 110. број на неделникот „Република“, 10.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top